Турнир „Четири нации“: Македонија - Украина 1:1

Објавено на 24 Март, 2017 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра 1:1 против силната Украина на турнирот „Четири нации“ во Рига, Летонија.

Селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ одигра одлично прво полувреме. Македонија го отвори резултатот со прекрасниот погодок на Димитар Митровски во 25. минута. Во првиот дел нашите фудбалери ја контролираа играта и не му дозволија на противникот да создаде шанса за погодок.

Во продолжението Украина одигра агресивно, со многу остри стартови, а погодокот стигна во 69. минута, Валери Бондар успеа да ја затресе мрежата на Стевковски по нафрлена топка за израмнување на 1:1.

Македонија до 18 години: Христијан Стевковски, 2. Тодор Тодоровски, 3. Филип Антовски, 4. Бане Маневски (Христијан Делевски 75`), 5. Агрон Руфати, 6. Кирил Ристовски (Антонио Митрев 75`), 7. Марко Феруковски (Дарко Чурлинов 54`), 8. Енис Фазлагиќ, 9. Никола Богдановски (Бојан Колевски 54`), 10. Димитар Митровски, 11. Кристијан Трпановски (Борче Ласков 63`);

Нашата млада селекција предводена од Вујадин Станојковиќ ќе одигра уште две пресметки против Норвешка и домаќинот Летонија.



   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација