Турнир 4 нации: Македонија - Естонија во живо онлајн

Објавено на 05 Јануари, 2015 во Футсал


Македонската А футсал репрезентација денеска во 17.00 часот против Естонија го игра вториот натпревар од турнирот во полскиот град Тихи. На воведната пресметка против Молдавија одигравме без победник, 3:3. Селекторот на нашата репрезентација, Васко Скендеровски верува дека неговиот тим ќе го потврди вистинскиот квалитет во натпреварот против Естонија и ќе оствариме победа.

-По вчерашното слабо издание против селекцијата на Молдавија, посебно во првото полувреме, очекувам денеска да го покажеме вистинското лице и квалитетот на нашата игра. Иако, Естонија реално е послаб противник во однос на нашата репрезентација очекувам добар и интересен натпревар. Шанса ќе добијат сите играчи, нашата намера е да испробаме неколку тактички варијанти и се надеваме дека ќе бидат од корист. Овој натпревар ќе биде вистинско загревање спроти дуелот со домашната репрезентација на Полска и очекувам со победа да влеземе во финалето и да ја продожиме низата без пораз, изјави Скендеровски.

Денешниот натпревар ќе можете да го следите во живо на: https://www.youtube.com/watch?v=0nqg7B202-U (копирајте го линкот и внесете го во вашиот пребарувач)



   
   
А репрезентација