Тричковски официјално во Ал Наср

Објавено на 16 Јули, 2014 во Вести, Вести

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски официјално потпиша договор со Ал Наср, еден од најдобрите клубови во Обединетите Арапски Емирати.

Репрезентативниот напаѓач потпиша двегодишен договор со тимот на Ал Наср. Во новиот клуб, Тричковски повторно ќе работи со Иван Јовановиќ, тренерот кој беше шеф на стручниот штаб во АПОЕЛ кога кипарскиот тим стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

-Презадоволен сум од условите, реков дека ќе ја прифатам најдобрата понуда. Ова е за мене нов предизвик и се надевам дека на новиот предизвик ќе одговорам најдобро што можам, изјави Тричковски.

Во Ал Наср, Тричковски ќе биде замена за бразилскиот напаѓач Едер Луиз. Минатата сезона ја мина на позајмица од Бриж во Васланд-Беверен. Во досегашната кариера има настапувано за Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Паралими, АПОЕЛ и Бриж.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација