Тричковски и Муслиу: Ќе се обидеме повторно да ја израдуваме спортската јавност

Објавено на 10 Ноември, 2017 во Вести, Вести


МАКЕДОНИЈА - НОРВЕШКА

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 11. ноември 2017., 18:30 часот

Портал за влезници

Трибина / Цена на влезници:

Јужна трибина / Блок 1, 2, 5 и 6 - 100 денари; Блок 3 и 4 - 150 денари;

Македонската А репрезентација ги финишира подготовките за триумфален крај на 2017 година во која имаме само еден пораз од Шпанија и низа од четири натпревари без пораз. Првата победа во меѓусебните дуели против Норвешка ќе ја бараме утре во 18:30 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.  

Репрезентативците Иван Тричковски и Висар Муслиу велат дека формата и позитивната атмосфера од тренинзите ќе се обидат да ја пренесат и на теренот против незгодниот противник.

-Знаеме дека Норвешка е многу незгоден противник, силен во дуел играта и агресивни на секој дел од теренот. Оваа година одигравме навистина одлични натпревари, резултатите исто така се позитивни и се надевам дека победнички и ќе ја завршиме годината. Секој што ќе добие шанса од селекторот треба да го даде најдоброто од себе. Иако е пријателски, на утрешниот натпревар треба да пристапиме како да е квалификациски и одново да се радуваме на позитивен резултат, вели Иван Тричковски.

 -Подготовките минуваат во најдобра атмосфера, сите се позитивни и посакуваме нов успех. Треда да го наметнеме нашиот стил на игра. Да бидеме позиционирани на вистинско место, да покриеме таму каде што треба и секако, да се обидеме да нападнеме. Многумина зборуваат за нашите резултати оваа година и навистина ни е драго заради тоа, ќе се обидеме повторно да ја израдуваме јавноста, изјави Висар Муслиу.



   
   
А репрезентација