Тренинг натпреварот меѓу фудбалерите од генерацијата 1996/97 в недела во 10:00 часот

Објавено на 03 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год


Генерацијата македонски репрезентативци 96/97 која треба да го понесе товарот во квалификациите за ЕП до 21 година во Италија, а од која селекторот Благоја Милевски ќе вклучи уште најмалку шест имиња за Европското првенство во Полска со тренинг натпревар утре во 10:00 часот го завршува тренажниот процес кој почна на 1 јуни.

Селекторот Милевски вели утре на контролниот дуел играчите имаат шанса да се наметнат и да го исполнат тоа што се бара од секој играч на секоја позиција. Сеуште се отворени две до три места за патниците на ЕП. 

-Рековме дека списокот на повикани фудбалери за Европското првенство ќе биде надополнет со уште шест до седум фудбалери кои ќе бидат од играчите на списокот со генерација 96/97. Кој ќе се наметне ќе видиме утре, има две до три места за кој сеуште не сум сигурен, односно ќе одлучиме по утрешниот натпрeвар. Од самите фудбалери, од нивниот ангажман и исполнуваење на тоа што се бара од секој играч на секоја позиција, зависи дали ќе конкурираат за место на шампионатот во Полска. Ако тоа го пренесат на терен и вистински се наметнат, тогаш и ние како стручен штаб ќе имаме релативно полесна задача, изјави Благоја Милевски.

Фудбалерите кои веќе се најдоа на списокот на Милевски за ЕП во Полска утре го имаат првиот собир во 17:00 часот во хотел „Александар Палас“.




   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација