Светски Ден на Срцето - Споделете ја моќта

Објавено на 28 Септември, 2017 во Вести, Еднаквост


Оваа година Фудбалската федерација на Македонија дава поддршка на „Светскиот Ден на Срцето“ чија цел е да ја зголеми свесноста за кардиоваскуларните заболувања и да ги едуцира луѓето за придобивките од активниот и здрав животен стил.

Одбележувајќи го секоја година на 29. Септември, Светскиот ден на Срцето е организиран од страна на Светската организација на срце и поддржан од страна на УЕФА  и организацијата Здрави стадиони. Работејќи заедно со Европското фудбалско семејство сите ние можеме да дадеме значаен придонес во намалувањето на предвремената смртност и инвалидитет предизвикани од кардиоваскуларните заболувања.

Тема на кампањата за Светскиот Ден на Срцето 2017 е: Споделете ја моќта. Срцевото здравје е „срцето“  на  целокупното здравје. Грижата за сопственото срце значи здрава исхрана, физичка активност, откажување од цигари...не се само работи кои не прават поздрави, но исто така прават да се чувствуваме добро и способни да уживаме целосно во животот. Негрижата за здравјето не доведува до поголем ризик од кардиоваскуларните заболувања како што се срцевите заболувања, мозочни удари кои секоја година доведуваат до предвремена смрт на повеќе од 17.5 милиони луѓе.

Ние сакаме да поттикнеме секој од нас да се потруди да живее подолго, подобро и со поздрави животни навики. Затоа заедно со Светската организација на Срцето и УЕФА ги повикуваме поединците и организациите да ги направат светните промени:

Придвижи го срцето: Практикувајте активен животен стил со најмалку 30 минути умерена физичка активност пет пати неделно и секој ден по еден час за деца.  Вклучувањето на играње фудбал, пешачење и возење на велосипед во вашето секојдневие е вистински начин да го постигнете тоа.

Нахрани го срцето: Хранете се здраво и конзумирајте овошје и зеленчук и ограничето го количеството на масти, сол, шеќер и алкохол во вашиот организам.

Сакајте го срцето: Побарајте професионална помош за откажување од цигарите и придонесете за почитување на законот за непушење во затворени простории со цел да ги заштитиме другите од пасивно пушење.

Повеќе информации на веб страната: http://worldheartday.org/

Facebook: /worldheartday

Twitter: @worldheartfed

Instagram: @worldheartday

Hashtag: #WorldHeartDay + #ShareThePower



   
   
Актуелности

17.04.2018    Вести

Академијата на ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван

Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Акаде...

Календар
А репрезентација