СУПЕР КУП СКОПЈЕ 2017: Интензивни подготовки за најголемиот спортски настан во Македонија

Објавено на 14 Февруари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на  Националната арена во Скопје.

Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фазадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета.

-ФФМ направи големи напори за да можеме да бидеме задоволни од сработеното во оваа фаза на подготовки за Супер Куп натпреварот. Направени се големи зафати на стадионот, северната трибина ќе биде многу функционална за сите посетители, вклучувајќи го организаторот, носителот на ТВ правата, медиумите и општо гледачите, велат од УЕФА.

Најголемиот спортски настан во Македонија ќе се одигра на 8. август. За Супер Куп трофејот ќе се борат победникот во Лигата на Шампионите и најдобриот клуб во Лига на Европа.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација