МК EN SQ 0.0962

Судиски семинар: Вложување во знаење

Објавено на 10 Февруари, 2017 во Вести


Во пресрет на почетокот на пролетната полусезона од МФЛ, Судиската организација во рамки на ФФМ во Велес организираше семинар за млади и надежни судии, но и тестирање на физичките активности за судиите од главната и помошната листа. Во текот на петте денови од семинарот 38 судии полагаа испит за стекнување Републичка и Прва судиска категорија.

Во рамки на семинарот свои активности имаа главните и асистентите судии од нашата Прва и Втора лига, кои имаа теоретски тестови, а потоа и физички тестирања, а учество земаа и инструкторите кои се на контролорската листа од Првата и Втората лига.

-Пред почеток на полусезоната редовна пракса е да организираме ваков тип на семинари каде што добиваме увид во подготвеноста на судиите. Судиите полагаат физички норми, а теоретски имаме предавања за правилата на фудбалска игра , промените и многу значајно работиме на изедначување на критеериуми со видео анализа на натпреварите од македонскиот шампионат и видео анализи од Уефа, истакна Емил Божиновски, претседател на судиската комисија во ФФМ.

На судиите од меѓународната листа новите амблеми на ФИФА им ги предаде претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

-Во модерниот фудбал придонесот на струката и едукацијата на сите кои, помалку или повеќе се вклучени во општиот успех на фудбалската игра станува се поголем. Исто така, веќе е добро познато дека и сегментите на анализа на кондициските способности и теоретското знаење стануваат се поважни. Тоа е една од главните причини зошто ФФМ длабоко ги поддржува ваквите семинари, а посебно бидејќи се вклучени и многу млади судии. Иако секој сегмет од вложувањата и унапредувањата има своја цена, таа не мора секогаш да биде финансиска, туку може да биде и вложување во знаење. Овој тип на семинари е токму тоа, судиите и контролорите да добијат ново или го потврдат своето знаење. Нас ни е мило што имаме добар одзив и квалитетна програма, истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.




   
   
Актуелности

21.02.2017    Вести

Тренерски форум - 15 години тренерска едукација на ФФМ

Фудбалската Федерација на Македонија одбележува 15 години тренерска едукација, а по тој повод е организиран Форум на Тре...

21.02.2017    Билети

Билетите за Европското првенство во Полска пуштени во продажба

Полската фудбалска федерација ги пушти во продажба билетите за европското првенство за репрезентации до 21 година преку ...

Календар
А репрезентација