Судир на генерации: Андон Дончевски на тренингот на А репрезентацијата

Објавено на 30 Август, 2016 во Галерија, Вести, Вести


Првиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Андон Дончевски денеска беше присутен на тренингот на репрезентацијата во пресрет на квалификациската пресметка против Албанија. Легендарниот тренер на репрезентацијата на Македонија и ФК Вардар им посака среќа и успех на нашите фудбалери. Поддршка на најдобариот национален тим даде и Агим Ибраими, фудбалерот на Астана кој поради повреда го пропушта дуелот во Скадар.

-Момци, пред 20 години ја победивме Албанија со 5:1, верувам дека можете и вие да дојдете до добар резултат во Скадар. Верувам во вас и очекувам да ја израдувате фудбалска  Македонија со еден позитивен резултат, изјави Дончевски.

Репрезентативецот Иван Тричковски смета дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но верува дека ќе бидеме на високо ниво да се спротивставиме на првиот противник во квалификациите за СП 2018.

-Албанија е фаворит, оваа генерација на нашиот прв противник е веројатно најсилна во нивната историја, но тоа не значи одиме без шанса, напротив. Мислам дека добро ќе се подготвиме и на тактички и на психолошки план и ќе одиграме квалитетен натпревар. Ова е нов почеток за двете селекции, се е можно, изјави Тричковски.





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација