Станојковиќ го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Чешка

Објавено на 08 Мај, 2015 во Вести, До 17 год

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Вујадин Станојковиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два контролни натпревари против Чешка

Двете контролни пресметки ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" на 12 и 14 мај со почеток од 16:30 часот. Селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург)

ОДБРАНА: Тодор Тодороски (ФК Металург), Михаил Маневски (ФК Акад. Пандев), Андреј Кировски (ФК Вардар), Антонио Митрев (ФК Металург), Кирил Ристовски (ФК Работнички), Мерис Факиќ

СРЕДИНА: Јани Атанасов (ФК Акад. Пандев), Енис Фазлагиќ ( Фудбалска Академија на ФФМ Скопје), Христијан Делевски (ФК Акад. Пандев), Ељиф Елмиз (ФК Работнички), Филип Стојчевски (ФК Металург), Васко Трајков ( ФК Акда. Пандев), Кристијан Трапановски (ФК Акад.Пандев), Филип Јовановски (ФК Металург)

НАПАД: Димитар Митровски (ФК Ханза Росток), Аздрен Мена (ФК Хајдук Сплит), Бобан Здравевски (ФК Пелистер), Борче Ласков (ФК Брегалница)

„Не очекуваат два тешки натпревари против квалитетен противник како што е репрезентацијата на Чешка. Само со вакви натпревари сметам дека можеме да го подигнеме нашиот квалитет. Овој дуел ќе биде одлична контрола за нас пред претстојните предизвици што не очекуваат", изјави Вујадин Станојковиќ.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација