Списокот на Игор Ангеловски за натпреварот против Шпанија

Објавено на 03 Ноември, 2016 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација на 12. ноември во Гранада против Шпанија ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски се одлучи за значителни промени во однос на играчкиот кадар кој ќе им се спротивстави на Светските шампиони од 2010 година во однос на натпреварите од првите три круга. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани седуммина фудбалери од репрезентацијата до 21 година која избори пласман на Европското првенство во Полска идната година. Селекторот Ангеловски ја остава отворена можноста да прати дополнителен повик по завршувањето на саботното коло од македонскиот шампионат.


Голмани: Игор Алексовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гимнастик, Шпанија), Филип Гачевски (Вардар);

Одбрана: Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Даниел Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар), Ванче Шиков (Нефчи, Азербејџан), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Вардар);

Среден ред: Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Спировски (Вардар), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Езџан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Илија Несторовски (Палермо, Италија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички);

Собирот на најдобрата репрезентација е закажан за 7. ноември во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје во 12:00 часот. Првиот тренинг на 7. ноември (понеделник) е во 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. На 8. (вторник) и 9. ноември (среда) тренинзите ќе се одработат во 12:00 часот во центарот „Петар Милошевски“.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација