Список на репрезентација до 19 години за квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено на 07 Октомври, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 години утре ќе го игра првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Англија во 15.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ е првиот противник на селекцијата предводена од Горан Станиќ. Селекторот на нашата репрезентација за квалификациските пресметки против Англија, Италија и Финска смета на следните 18-ет фудбалери:

Голмани:  Филип Илиќ (Металург), Боби Целески (Гросето, Италија);

Одбрана:  Слободан Боцевски (Работнички), Тела Шаип (Ксамакс, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (Еуромилк), Кристијан Каранфиловски (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Стефан Јевтовски (Металург), Стефан Лазаревиќ (Македонија Ѓ.П);

Среден Ред: Сашо Шопоски (Металург), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П), Петар Петковски (Вардар), Матеј Цветановски (Македонија Ѓ.П), Абдулахи Бурим (Сервет, Швајцарија), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија);

Напад:  Селмани Ремзифаик (Ренова), Мартин Христов (Еуромилк);

-Во тимот има позитивна атмосфера, очекувањата се навистина големи со оглед на претходните натпревари кој ги одигравме и на кој покажавме одличен квалитет. Групата е исклучително тешка, отвораме против фаворитот Англија и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво. Оваа генерација има квалитет и треба да покажеме дека можеме да се носите и надигруваме и со најдобрите. Верувам дека ќе го покажеме најдоброто од себе во квалификациите и ако имаме среќа ќе се радуваме на добар резултат, изјави селекторот Станиќ. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација