Спасески: ФФМ прави одлична работа со фудбалската Академија

Објавено на 05 Март, 2015 во Вести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски денеска во „Куќата на фудбалот“ оствари работна средба со директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасески.

Првиот човек на македонскиот фудбал истакна дека соработката со државното тело за спорт мора да биде на високо ниво кога се во прашање важни проекти со цел подобра и поквалитетна реализиција на истите, а еден од проктите на кој се посветува посебно внимание е фудбалската Академија на ФФМ.

- Агенцијата за млади и спорт е наш партнер, заеднички преку фудбалската Акедамија ја поставуваме базата за развој на младинскиот фудбал. Правиме големи напори да го реализираме проектот фудбалска Академија на вистински начин и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина. Сите ние работиме за иста работа, посветени да постигнеме успех,  јас се надевам дека и младите фудбалери во академијата преку наставната програма ги делат истите цели. Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој и поддршката од АМС сметам дека овие млади луѓе имаат неповторлива шанса да успеат во фудбалот, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

-Во име на Агенцијата за млади и спорт сакам да порачам дека се радуваме на заедничкото создавање подобра иднина на македонскиот фудбал. Институциите кои ги водиме се способни да ги поддржат важните проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории. Потврда за добрата работа која ја прави ФФМ е фудбалската Академија, обезбедуваат одлични услови, а во периодот и прв пат се на меѓународен турнир во Кипар. Ако ја поделиме одговорноста и бидеме фокусирани на проектите , сигурни сме дека можеме да осигураме убава иднина на нашиот спорт, а посебно за најмладите фудбалери. Пријателството и меѓусебната доверба која ја стекнуваат младите играчи е веројатно најголемата добивка од овој тип проекти, се надевам дека и тие ја сфаќаат сериозноста на активностите. Би биле среќни кога во блиска иднина би биле конкуренција и за сениорската репрезентација, изјави Марјан Спасески.

Претседателот на ФФМ го презентираше и проектот за реконструкција на еден од терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“.ФФМ веќе започна со реконструкција на еден од двата терени со природна трева. Реконструираниот стадион е предвидено да ги исполни стандардите од категоријата 2 на УЕФА, а тоа значи дека ќе ги исполнува критериумите за одигрување официјални натпревари на младинските национални репрезентации, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, а исто така би можеле да се одигруваат и натпревари од предквалификациите на УЕФА за европските купови. Новиот стадион ќе има капацитет од 1500 гледачи, ќе се изградат нова трибина, нови соблекувални, простории и канцеларии за официјални лица, модерен фитнес центар и простор за официјалните гости и странски делегации.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација