Состанок со делегати на Прва и Втора МФЛ

Објавено на 12 Февруари, 2016 во Прва МФЛ, Втора МФЛ, Вести

Ве известуваме дека на ден 17.02.2016. година (среда) со почеток во 12.00 ч. во хотел Континентал - Скопје ќе се одржи состанок на сите делегати на натпревари од Прва и Втора МФЛ.

Средбата ќе биде искористена за обновување на знаењето низ краток семинар со главен фокус на апликацијата за водење на натпреварите „во живо“.

Дел од делегатите кои не го положија квалификацискиот тест на знаење пред почетокот на сезоната 2015/16, ќе имаат шанса за повторно тестирање. Тестот ќе опфати прашања поврзани со обврските и одговорноста на делегатите на натпреварите, наведени низ правилникот за натпревари и пропозициите за соодветните рангови.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација