Соопштение по повод објавени лаги и невистини

Објавено на 14 Март, 2019 во Вести


Како и за одредени претходно изнесени и споделени груби лаги и невистини, повторуваме дека Фудбалската федерација на Македонија, за жал, нема инструменти со кои би можела да се бори против секојдневното труење на јавноста од страна на одредени медиуми или „фејсбуковци“, но додека Фудбалската федерација на Македонија за својата работа редовно е „чешлана“ од сите државни и независни инспекции, прашање е колку е чист „фејсбуковецот“ или новинарите во медиумот кој споделува лаги и клевети кога некој би ја анализирал нивната работа или принципите и етичките вредности од Кодексот на новинарите.

На пример - „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци“, или „Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

Право и должност на новинарот пред да објави сензационалистичка објава како на пример: „Комисија со истечен мандат во 2017 решава кој ќе биде претседател на ФФМ во 2019!“, сметаме дека во „најмала рака“ треба да се обрати со барање за изјава во врска со темата за која се интересира.

Доколку новинарите се обратеа до Фудбалската федерација на Македонија во врска со нивното сензационално сознание и Одлуката на Управниот одбор што ја имаат објавено ќе го добијеа следниот одговор:

Одлуката на која се повикувате, со која се назначени членови на Комисијата за избори е донесена на седница на Управниот одбор на ден 28.01.2013 година. На членовите на комисијата за избори мандатот им е 4 (четири) години и истиот истекува на 28.01.2017 година.

Меѓутоа, Управниот одбор на фудбалската Федерација на Македонија во 2016 година дава предлог до Собранието на Фудбалската федерација на Македонија да направи измени и дополнувања на Правилникот за избори и тоа во член 4 став 2 и став 3.

Понатаму, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на ден 30.12.2016 година, значи пред истекување на мандатот на Комисијата за избори, закажал Собрание на ФФМ за ден 18. февруари 2017. година и ја задолжил Комисијата за избори согласно нејзините надлежности да отпочне со активности за изборниот процес.

Имајки ги предвид измените и дополнувањата на Правилникот за избори од март 2016. година, јасно произлегува дека мандатот на членовите на изборната комисија истекува на денот на одржување на изборното собрание по завршување на изборниот процес и изборот на новиот состав на Комисијата.

Собранието одржано на ден 18. февруари 2017. година, донело одлука со која го овластува Управниот одбор да назначи членови на Комисијата за избори и верификација, по стапување на сила на измените и дополнувањата на Статутот усвоени на тоа исто собрание.

Управниот одбор постапувајки по одлуката на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија на ден, 14. март 2017. година, донел одлука со која назначил членови на Комисијата за избори и верификација на ФФМ.

И за крај, Собранието на седницата одржана на 18. февруари 2018. година ја потврдило одлуката на Управниот одбор на ФФМ од 14. март 2017. година


Фудбалската федерација на Македонија на своја страна ги има и резултатите и аргументите. Може да се пофали со силна репрезентација, извонредни репрезентативци, прво место во Лига на нации, бројни натпревари и успеси со младите национални тимови,  фудбалската академија, свој комплекс „Куќа на фудбалот“ и тренинг центар, помош и поддршка за сите фудбалски инфраструктурни проекти. Федерација која работи позитивно и покрај игнорирањето од одредени институции, дава поддршка за сите клубови и фудбалери. Бројните успешни проекти ја потврдуваат квалитетната работа на Федерацијата која во УЕФА и во останатите фудбалски сојузи е пример за одлична работа во рангот на малите фудбалски сојузи.

И за крај ја известуваме јавноста дека сме во подготовки за претстојното Собрание кое ќе се одржи в недела во Охрид. Најавени се високи претставници на УЕФА, ФИФА, АМС и МОК и им посакуваме успешна работа на сите наши членови.

Повеќе нема да демантираме ништо. Фудбалската федерација на Македонија ќе ги искористи сите правни средства за да го заштити својот углед и интегритет преку судска постапка во која ќе се бара одговорност за сите невистини што се планираат во идните денови.

 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација