„СКОПЈЕ КУП“ втора година по ред организатор на меѓународен младински турнир во фудбал

Објавено на 04 Август, 2015 во Вести, Детски лиги

„Скопје Куп“ во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија втора година е организатор на голем меѓународен младински турнир во фудбал „СКОПЈЕ КУП 2015“ кој ќе се одржи во периодот од 5 - 11 август на повеќе стадиони во градот Ско

На турнирот ќе земат учество 32 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Бугарија со фудбалери родени `99 година и помлади и 2001 година и помлади. На турнирот ќе настапат следните екипи:

ФК. Партизан – Белград; ФК. Вардар – Скопје; ПФК. ДИТ – Софија; ФК. Пелистер – Битола; НК. Осјек – Осјек; НК. Сесвете – Загреб; НШ. Крпан Бабиќ – Осјек; НК. Буба Мара – Загреб; НК. Куштерија – Загреб; ФК. Војводина - Нови Сад; ФК. Славија – Софија; ФК Реал – Ниш; Академија Пандев – Струмица; ГФК. Неготино – Неготино; ФК. Шкендија – Тетово; ФК. Елбасан - Елбасан ; ФК. Металург – Скопје; ФК Еуромилк – Скопје;

-Скопје Куп е меѓународен фудбалски турнир кој втора година по ред се одржува во Македонија. Минатата година учествуваа 24 екипи, годинива тој број се зголеми на 32. Наредната година се надеваме дека бројката на екипи ќе биде уште поголема, од 48 до 60. Голема благодарност до Градот Скопје, јавните претпријатија, општините и Фудбалската федерација на Македонија која е главен помагател и партнер на она што не очекува во наредните седум дена во Скопје. Свеченото отварање е закажано за утре, 5.aвгуст во 20:00 часот на плоштадот "Филип Втори„. Бројката на учесници оваа година е околу 700, наредната година очекуваме бројката да биде над 1000 учесници. Екипите кои ќе бидат учесници на овој младински турнир се од регионот, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија и најдоброто од Македонија.", изјави Влатко Неделковски, претседател на „СКОПЈЕ КУП“.


-Сакам пред сѐ да искажам голема благодарност до Градот Скопје, Фудбалската федерација на Македонија и сите други помагатели кои се вклучени во овој проект и придонесоа овој турнир повторно годинава да биде организиран. Најголема чест ни претставува фактот што бројката на екипи што учестуваа минатата година од 24 порасна на 32 оваа година. Бројот на екипи континуирано ќе расте и наредните години. Наредната година бројот на екипи ќе биде 56 каде што ќе бидат вклучени и женски категории.", изјави Дарко Костовски, еден од организаторите на овој куп.

Финалните натпревари од овој меѓународен младински турнир ќе бидат одиграни на „Филип Втори", доколку нашата Национална арена биде слободна. Во спротивно овие финални дуели ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплесот „Куќа на фудбалот".



   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација