Скопје 2017: Дозволено внесување знамиња единствено на клубовите финалисти

Објавено на 06 Август, 2017 во Вести


Почитувани љубители на фудбалот,

УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија упатуваат потсетување до сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед на Националната арена „Филип Втори“ дека ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите финалисти, како и Националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени. 

Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки.

Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери. 

На сите гледачи им посакуваме незаборавен Супер Куп / Скопје 2017. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација