Шведска и Северна Ирска обезбедија пласман во елитната фаза на квалификациите

Објавено на 20 Септември, 2015 во До 19 год жени

По одигрување на последните натпревари од првата квалификациска фаза за европското првенство жени до 19 години во Скопје пласман во елитната фаза на квалификации обезбедија Шведска и Северна Ирска.

Во Скопје, на стадионите на ФФМ и Борис Трајковски беа одиграни квалификациските натпревари за жени до 19 години од Група 6. Според очекувањата европскиот првак Шведска со три победи лесно мина во елитната фаза, а Северна Ирска со една победа и еден нерешен натпревар поради подобра гол разлика беше подобра од Црна Гора и шансата за квалификација на европското првенство во Словачка исто така ќе ја бара во елитната фаза на квалификациите.

МестоЕкипаБодови
1.Шведска9
2.Северна Ирска4
3.Црна Гора4
4.Македонија0


Покажавме добра игра, особено на првиот и последниот натпревар, но не сум задоволен од резултатот. Очекувавме сигурна победа со Црна Гора, и нешто поповолен резултат со Северна Ирска, меѓутоа фактот дека не можевме да сметаме на некои од клучните играчи за овие два натпревари го направи своето. Во моментов ни претстои многу работа доколку сакаме да создадеме шанса за квалификување во елитната рунда. - изјави селекторот Астрит Мерко.


 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација