Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци до 21 година за Црна Гора и Казахстан

Објавено на 30 Септември, 2019 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот со репрезентативци за натпреварите со Црна Гора (10. октомври) и Казахстан (15. октомври) од квалификациите за Европското првенство 2021. година.

-Ова се фудбалерите со кои ги отворивме квалификациите, списокот е тој, со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Сега имаме појасна слика за нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации. Со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место, а зошто да не и прво ако ни се укаже шанса. Противниците со кој ќе се соочиме на претстојните натпревари се квалитетни, но сега мислиме само на Црна Гора, а потоа на Казахстан. Одиме чекор по чекор, тоа е нашата филозофија, одиме да ја победиме Црна Гора. Противникот е квалитетен, физички се силни, играат цврст фудбал, технички дотеран. Поголем дел од нивните фудбалери се од домашното првенство, кое од година в година е сè посилно. Но сме одиграле неколку пријателски натпревари со нив и знаеме што не очекува. И покрај победата од 7:1 над Фарски Острови цврсто стоиме на земја,  истакна Благоја Милевски.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација