Селекцијата до 19 години ќе одигра два контролни дуела со Словенија

Објавено на 07 Август, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 11 до 13 Август ќе одигра два контролни натпревари се селекцијата на Словенија.

Дуелите со Словенија ќе бидат одиграни во Словенска Бистрица со почеток од 17:00 часот и ќе дадат појасна слика за формата на нашите млади фудбалери пред почетокот на квалификацискиот турнир кој ќе биде одржан во Македонија, во месец Октомври, во кој за противници ги извлековме Италија, Англија и Финска.

Голмани: Илиќ Филип (Металург), Целески Боби (Македонија Ѓ.П.).

Одбрана: Боцевски Слободан (Работнички), Тела Шаип (Ксамакс), Рустевски Никола (Македонија Ѓ.П.), Јефтовски Стефан (Металург), Аломеровиќ Дин, Абаз Емил. 

Среден Ред : Шопоски Саше (Металург), Здравковски Давор (Македонија Ѓ.П.), Цветановски Матеј  (Македонија Ѓ.П.), Садики Нехар (Работнички), Лазаревиќ Стефан (Македонија Ѓ.П.), Петковски Петар (Вардар), Мирчевски Мартин (Пелистер), Абдулахи Бурим (Сервет, Швајцарија).

Напад: Ремзифаик Селмани (Ренова), Христов Мартин (Еуромилк), Кочовски Валентин (Хоризонт Турново).



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација