Седум федерации иницираа формирање на заедничка лига за млади категории

Објавено на 05 Декември, 2016 во Вести


На заедничка иницијатива, денеска во Загреб е одржан состанок на стручните раководства од седум фудбалски сојузи од југоисточна Европа на тема формирање заедничка фудбалска лига за фудбалери и фудбалерки од млади категории.

Хрватскиот фудбалски сојуз беше домаќин на претставниците на фудбалските федерации на БиХ, Црна Гора, Македонија, Унгарија, Словенија и Србија. На конструктивниот состанок се разговараше за формирање на заедничка лига која би имала развојна цел и собирање меѓународни искуства за младите категории.

Сите присутни се согласија дека потенцијалот на евентуалното натпреварување во кое би учествувале седум земји е огромен и постигнаа начелен договор околу неколку клучни параметри поврзани со натпреварувањето.

Проектот за вакво натпреварување пред неколку денови на состанок на стручната комисија на Уефа го претстави техничкиот директор на ХНС Ромео Јозак, а раководните луѓе во стручното тело на УЕФА дадоа позитивен став.

Зоран Стратев, координаторот за младински категории во ФФМ и Ѓоре Јовановски, претседателот на тренерската комисија во ФФМ беа присутни на состанокот во Загреб.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација