Седница на Управниот одбор на ФФМ

Објавено на 08 Август, 2019 во Вести


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница ги донесе следните одлуки:

-У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за млади категории за натпреварувачката сезона 2019/2020;

-У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за Втора МФЛ за натпреварувачката сезона 2019/2020;

- У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2019/2020;

-У.О. на ФФМ донесе заклучок нацртот на предлогот за промена на системот на натпреварување во сениорска конкуренција да го достави до членките;

-У.О. на ФФМ ја усвои листата на делегати за натпреварите од МФЛ;

- У.О. на ФФМ го усвои барањето на клубовите од 1 МФЛ, правилото од член 20, став 7 од Пропозициите за 1 МФЛ („домашниот фудбалер од став 3 кој согласно правилата на ФИФА има право на настап и за  странска репрезентација (на официјален и/или неофицијален натпревар) , доколку  пред или за времетраењето на првенството биде повикан и одбере да настапува за странската репрезентација  го губи статусот на фудбалер, кој нема навршено 21 година“) да се применува од натпреварувачката сезона 2020/2021; 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација