Седница на Управен одбор на ФФМ на 14 февруари, 2020

Објавено на 14 Февруари, 2020 во Вести


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

- Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на Нации меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово.

За натпреварот кој ќе се одигра на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари;

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“;

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21. март 2020. година во Скопје во х. „Александар Палас“;

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата од дополнителниот УЕФА солидарен фонд на клубовите од 1 МФЛ од натпреварувачката сезона 2018/2019;

- Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Израел. Цената на билет за дуелот кој се игра на 26. март на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе изнесува 50. денари;

- Управниот одбор на ФФМ ги усвои извештаите на постојаните комисии на Управниот одбор и буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2020. година.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација