РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ НОВ СЕЛЕКТОР

Објавено на 05 Јуни, 2014 во До 21 год

Управниот одбор на ФФМ денеска на својата редовна седница донесе одлука Бобан Бабунски да се разреши од должноста селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година и да се раскине договорот.

Одлуката за раскин на договорот со досегашниот предводник на младата репрезентација е донесена врз основа на постигнатите резултати во тековниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2015 година кои не соодветствуваат со предвидувањата, амбициите и квалитетот на селекцијата до 21 година.

Бобан Бабунски, функцијата селектор на репрезентацијата до 21 година ја извршуваше од 1 јуни 2009 година и секогаш ја имаше максималната поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.  Желбата за промена и давање шанса друг кандидат да ја води селекцијата, кој со својата мотивираност, страст и голема желба ќе придонесе кон подобри резултати, се основните причини поради што членовите на УО на ФФМ едногласно ја донесоа одлуката за раскин на договорот.

Управниот одбор на ФФМ формираше пет члена комисија во состав Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини, Светозар Станковски, Лазар Ракиџиев и Марјан Стојкоски кои во консултација и разговори со тренерската комисија во ФФМ ќе даде предлог за нов предводник на националниот тим до 21 година. Членовите на Управниот одбор се согласија дека тоа треба да биде некој кој добро ги познава состојбите во македонскот фудбал, ги следи сите наши таленти надвор од границите на Македонија и човек кој покрај фудбалско знаење, ќе биде и голем мотиватор, педагог  и силна психолошка поддршка за младите фудбалери, нешто што секако им е потребно во процесот на градење професионална кариера. Новиот селектор ќе го предводи тимот и на двата последни натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2015 година.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација