Репрезентацијата до 17 години со две контролни средби против Словенија

Објавено на 19 Септември, 2016 во До 17 год

Во пресрет на првиот квалификациски турнир за репрезентации до 17 години, Македонија ќе одигра две контролни средби против Словенија. Натпреварите ќе се одиграат на Тренинг Центарот Петар Милошевски во Скопје, на 20. и 22. септември од 15.00 ч.

Повик за контролните натпревари добија следните играчи:

ГОЛМАНИ

МИТЕ СЕКУЛОВ   ФК ПРО ПЈАЧЕНЦА- ИТАЛИЈА

МЕТОДИЈА ВЕЛКОВСКИ  ФК ВАРДАР- СКОПЈЕ

ОДБРАНА

ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ   ФК МАКЕДОНИЈА ЃП  -СКОПЈЕ

ФИЛИП АНТОВСКИ  ФК ВАРДАР-  СКОПЈЕ

АНГЕЛ СТРАТОРСКИ  НОВА ГОРИЦА- СЛОВЕНИЈА

НИКОЛА СПАСОВ   АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ- СТРУМИЦА

МАРКО ШИМУНОВИЌ  ФК ПАРТИЗАН- СРБИЈА

СТЕФАН СИМОНОВСКИ  ФК РАБОТНИЧКИ- СКОПЈЕ

КРИСТИЈАН ТРПЧЕВСКИ  ФК ЊУ СТАР- СКОПЈЕ

СРЕДЕН РЕД

БЕСНИК ФЕРАТИ  ФК ШКУПИ- СКОПЈЕ

ЕНИС ФАЗЛАГИЌ  ФК ШКЕНДИЈА- ТЕТОВО

АНЕС ОСМАНОВСКИ  ФК УНТЕРАХИНГ-ГЕРМАНИЈА

СТЕФАН КОЛЕВСКИ  ФК РАБОТНИЧКИ-СКОПЈЕ

НАПАД

ЛУКА ТРАЈКОВСКИ  ФК ПОБЕДА- ПРИЛЕП

БОЈАН КОЛЕВСКИ  ФК МЕТАЛУРГ-СКОПЈЕ

МАРИО НАУМОСКИ  ФК ПОБЕДА-ПРИЛЕП

ДАРКО ЧУРЛИНОВ  ФК КЕЛН- ГЕРМАНИЈА

ЈАКУБ БЕРИША  ФК ВАРДАР-СКОПЈЕ

Ова се последни два натпревари пред квалификациите на крајот на октомври. За жал не можеме да сметаме на сите фудбалери. Рустемовски не беше во можност да се приклучи поради клубски обврски во Грасхоперс, а и Хајдари и Наумовски се опоравуваат од повреди. Иако без три стандардни репрезентативци ќе мора да направиме добар резултат како би влегле во квалификациите со максимална самодоверба. - изјави селекторот Добринко Илиевски

Првиот квалификациски турнир репрезентацијата до 17 години ќе го одигра во Италија, во периодот од 26. до 31. октомври, 2016 година. Освен домаќинот Италија, Македонија за една од двете први позиции во групата ќе се бори со Србија и Албанија.



   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација