Репрезентацијата до 17 години на тренинг камп во Дојран

Објавено на 14 Август, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години од денеска до 20. август во Дојран ќе има тренинг камп во пресрет на октомвриските натпревари за пласман во елитната рунда на УЕФА од квалификациите за Европското првенство. Селекторот на нашата репрезентација до 17 години, Горан Станиќ на еднонеделниот камп во Охрид ќе смета на следните фудбалери:  

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Марко Алчевски (Академија ПАНДЕВ), Андреј Буторац (Пелистер); 

Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Божидар Митревски (Работнички), Суад Јонузи (Ст. Гален, Швајцарија), Ален Личина (Работнички), Христијан Стојановски (Работнички);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Иван Николов (Брегалница), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новевески (Војводина , Србија), Антонио Петров (Публикум, Словенија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија), Стефан Ѓеоргиев (Њу Старс);

Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Џемал Ибизи (Вардар), Ален Јусуфов (Ред Стар, Австрија), Сухељ Муарем (Шкупи), Куштрим Таири (Шкендија), Нусрет Курти (Металург), Давид Тошевски (Работнички);

-Голем дел од повиканите фудбалери веќе минаа низ младите репрезентации, ги знаеме нивните квалитети, но на овие еднонеделни подготовки ќе вклучиме и неколку нови имиња, како Јонузи (Ст. Гален) и Петров (Публикум) кои верувам, ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата во тимот. Нашата намера беше во составот да го имаме и Јанкулов, но не доби дозвола од Црвена Звезда. Се надевам дека ќе одработиме добри подготовки, бидејќи ова е еден од последните тестови пред почетокот на квалификациите за елитната рунда во октомври кога на домашен терен ќе играме против Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина, изјави селекторот Горан Станиќ. 





   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација