Репрезентацијата до 16 години убедлива против Македонија У-15

Објавено на 19 Ноември, 2014 во Вести


На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот  „Куќа на фудбалот" контролен натпревар одиграа младите репрезентации на Македонија до 15. и 16. години. Убедлива победа од 5:0 оствари селекцијата до 16 години.

Репрезентацијата предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ го отвори резултатот во 28. минута со погодокот на Антонио Митрев. Во 40. минута фудбалерот на Пелистер, Бобан Здравевски го удвои водството. Со резултат 2:0 младите селекции заминаа на полувреме.

По само две минути од продолжението Елиф Елмаз зголеми на 3:0, во 65. минута Васко Трајков зголеми на 4:0, а финалните Македонија У-16 – Македонија У-15 5:0 ги постигна Јани Атанасов во 77. минута. Репрезентацијата на Македонија до 16. години пропушти уште неколку добри прилики за гол преку Трапановски, Атанасов и Здравевски. Единствената можност за репрезентацијата до 15. години  ја имаше Алексовски Филип во финишот од првото полувреме.  

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16. години Вујадин Станојковиќ натпреварот го започна во следниот состав: Тимевски Бојан, Маневски Михаил, Митрев Антонио, Тодоровски Тодор, Кировски Андреј, Јовановски Филип, Делевски Христијан, Елмаз Елиф, Атанасов Јани, Трапановски Христијан, Здравевски Бобан. Во игра влегоа: Серафимовски Дамјан, Илиевски Бојан, Факиќ Мерис, Мустафи Бесим, Трајков Васко, Наумовски Марио, Серафимов Никола, Таневски Филип.

Алексо Мацков, предводникот на селекцијата до 15. години го започне натпреварот во состав: Стевковски Христијан, Пановски Борјан, Реџепи Фитор, Сефо Алтин, Ѓоргиевски Александар, Мазлами Вулнет, Љума Енсар, Фазлагиќ Енис, Колевски Бојан, Бериша Јакуб, Алексовски Филип. Во вториот дел селекторот Мацков им даде шанса на  Иванов Благојче, Ризанковски Виктор, Новаковски Стефан, Фејзулаов Бесар, Мухамед Нух Саид, Стојановски Филип, Колевски Стефан, Терзиев Виктор, Аврамовски Виктор, Крстев Васил, Мицевски Марио.

-Уште еден од низата контролни  натпревари за проверка на младите репрезентативци и формата на потенцијалните кандидати што ги имаме на располагање. Одигравме коректен натпревар и максимално ги спроведовме техничко - тактичките замисли. На 23. ноември заминуваме за Србија каде што ќе одиграме две контролни средби кои ќе добра можност за проверка на сработеното оваа година, изјави селекторот Вујадин Станојковиќ. 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација