Репрезентација на Македонија до 17 години: Пораз од Унгарија на првата контролна пресметка

Објавено на 22 Септември, 2015 во Вести, До 17 год

Младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена со 2:0: од селекцијата на Унгарија во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции на тренинг центарот на Унгарската фудбалска федерација.

Нашите млади фудбалери и покрај поразот, одиграа добар натпревар во кој пропуштија неколку одлични прилики за постигнување на гол. Во одлични шанси за погодок се најдоа Атанасов, Здравевски и Кировски Падот на концентрација во одредени моменти и грешките на одбраната беа максимално искористени од страна на унгарците кои на крајот се радуваа на победа. Головите за Унгарија беа дело на Акос Вираг во 31` и Мартин Такаш во 60`


МАКЕДОНИЈА - УНГАРИЈА  0:2 (0:1)

(1:0 Акос Вираг 31`; 2:0 Мартин Такаш 60`;)

МАКЕДОНИЈА: 1. Стевковски Христијан  2. Тодороски Тодор  3. Факиќ Мерис  4. Елмаз Ељиф  5. Кировски Андреј   6. Митрев Антонио  7. Јовановски Филип  8. Атанасов Јани  9. Здравевски Бобан  10. Митровски Димитар  11. Трапановски Кристијан



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација