Репрезентација до 21 години: Против Белорусија на 1. јуни во Скопје

Објавено на 01 Април, 2016 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21 години ќе одигра контролен натпревар против Белорусија на 1. јуни 2016 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Пријателската пресметка против Белорусија ќе следува четири дена по квалификацискиот натпревар во Киев против Украина за пласман на Европското првенство.

-На натпреварот против Белорусија ќе повикаме фудбалери кои нема да настапат на квалификацискиот дуел против Украина. Најголем дел од играчите кои ќе добијат повик за натпреварот против Белорусија ќе бидат од генарацијата до 20 години, фудбалери родени 1996/97. Целта е веќе да ги подготвуваме фудбалерите за наредниот квалификациски циклус, да ја почувствуваат атмосферата во тимот, да се соочат со принципите за работа и да се обидеме да го вметнеме натпревачкиот дух кој ја краси селекцијата до 21 година, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

На трите официјални пријателски натпревари под водство на Благоја Милевски остваривме две победи против Романија (2:1) и Црна Гора (1:0), ремизиравме на гостувањето во Словенија (1:1).



   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација