Репрезентација до 21 година: Селективен натпревар за играчи од генерацијата 1996 и 1997

Објавено на 22 Април, 2016 во Вести, До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски заедно со стручниот штаб на младата репрезентација на 26. април (вторник) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ организира селективен натпревар за играчи од генарациите 1996 и 1997-ма. За натпреварот селекторот Благоја Милевски прати повик до следните фудбалери:

Голмани: Филип Илиќ (Металург), Беким Реџепи (Гостивар);

Одбрана: Јован Поп Златанов (Тетекс), Стефан Костов (Брегалница), Дин Аломеровиќ (Еуромилк), Христијан Каранфиловски (Металург), Антонио Илиевски (Гостивар), Костадин Чешмеџиев (Љубанци), Бесарт Кривањева (Металург), Дарко Дигаловски (Металург), Мартин Лекоски (Металург), Филип Стојановски (Љубанци), Давид Атанасовски (Тетекс);

Среден ред: Лиридон Иљази (Влазрими), Никола Божинов (Турново), Мартин Мирчевски (Пелистер), Бесар Исени (Шкупи), Кристијан Филиповски (Силекс), Валентин Кочовски (Академија Пандев), Енур Тотре (Шкендија), Александар Недановски (Пелистер), Тодор Николовски (Македонија Ѓ.П.);

Напад: Петар Петковски (Вардар), Ремзифаик Селмани (Ренова), Михајло Јакимовски (Металург), Шпенд Асани (Шкендија), Бенјамин Демир (Тетекс), Влатко Стојановски (Металург);

-На селективниот натпревар ќе настапат играчи од генерацијата `96 и `97 кои имаат право на настап во следниот квалификациски циклус на репрезентацијата до 21 година. Иако сета наша концентрација е насочена кон квалификацискиот натпревар против Украина во Киев на 27. мај, сакаме да го видиме потенцијалот и на останатите играчи за што поподготвени да го дочекаме следниот циклус квалификации. Фудбалот е едноставен, се сѐ сведува на квалитетот и доколку повиканите играчи не убедат во тоа, секако дека ќе сметаме на нив во иднина. На селективниот натпревар играчите ќе бидат тестирани со Catapult апаратура која мери претрчано растојание, брзина на трчање, забрзување, успорување и уште многудруги показатели. Тоа го правиме со цел да имаме увид во индивидуалните можности на повиканите фудбалери, уште повеќе што веќе се во натпреварувачка форма. Изборот на играчите е направен според нивните настапи во клубовите од Првата и Втората лига, а се водевме од критериумот да бидат стандардни во настапите за своите тимови. Можеби најголем проблем е голманската позиција, освен Филип Илиќ немаме други што се во натпреварувачка форма и затоа повикавме голман што веќе бил дел од репрезентативните селекции. Ќе се обидеме заеднички да ги подигнеме играчите на уште поголемо ниво и на тој начин да го создаваме темелот за иднината на македонскиот фудбал, изјави селекторот Милевски.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација