Репрезентација до 21 година: Оптимисти пред Исланд, Сахити тренира и чека добивање на пасош

Објавено на 21 Март, 2016 во Вести, До 21 год


Репрезентација на Македонија до 21 година ги започна подготовките за престојните квалификациски натпревари за ЕП 2017 со Исланд на 24 март во Скопје и Франција на 28 март во Ле Ман. За разлика од првичниот список на селекторот Благоја Милевски, ново име во младата репрезентација е крилниот напаѓач на Работнички, Суад Сахити. Косовецот го прифати повикот да игра за нашата млада репрезентација и од неделата се приклучи во подготовките со другите играчи. Во тек е процедурата за добивање на македонски пасош, што автоматски значи право за настап на натпреварот со Исланд. 

“Суад со игрите во својот клуб си ја потврди својата класа и големиот потенциал, така да ние цениме дека може да ни биде од голема корист. Се работи за исклучително квалитетен играч и затоа тој е повикан во репрезентацијата. Во тек е процедурата за добивање на македонски пасош, оптимисти сме и се надеваме дека се ќе биде готово пред натпреварот со Исланд, со што тој би имал право за настап”, вели селекторот Боби Милевски, надополнувајќи. 

“Тренираме добро, атмосферата е одлична и како секогаш ние сме оптимисти. Очекувам и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат против Исланд”, заврши Милевски.

Самиот Сахити вели дека е почестен со поканата да игра за Македонија, и се надева дека ќе ја оправда укажаната доверба. 

“Јас сум задоволен што мојот труд и моите игри во Работнички се ценат и секако дека сум среќен и почестен со повикот  да играм за младата репрезентација. Се надевам дека ќе се во ред со документацијата, а јас ќе дадам се од себе за да ја оправдам укажаната доверба”, изјави младиот Суад Сахити.

Инаку младата репрезентација продолжува со редовните тренинзи пред првиот натпревар со Исланд. Во понеделник и вторник ќе се тренира од 13:30 часот на терените на тренинг комплексот на ФФМ, а во среда тренигот ќе биде во 12:00 часот. Натпреварот Македонија У 21 - Исланд У 21 се игра во четврток на тренинг центарот „Петар Милошевски", со почеток од 14:00 часот.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација