Репрезентација до 21 година: Одлична атмосфера пред исклучително важниот квалификациски натпревар против Украина

Објавено на 23 Мај, 2016 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година го одработи третиот тренинг спроти квалификацискиот натпревар против селекцијата на Украина на гостински терен во Киев на 27 мај (петок). Нашата млада репрезентација во досегашните 6 одиграни круга во рамките на групата 3 од квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска 2017 година се наоѓа на 3 - та позиција со 9 освоени поени, додека нашиот следен противник, селекцијата на Украина е на 5 - та позиција со 4 освоени бода.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, веруваат дека можат да ја повторат играта од првата средба на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје и очекуваат  позитивен исход од дуелот во Киев.

Прв повик за селекцијата до 21 година доби младиот фудбалер на Работнички, Елиф Елмаз, кој не го криеше задоволството од добиената доверба на селекторот и стручниот штаб.

- Голема чест и задоволство е да се биде дел од оваа група на квалитетни фудбалери. Се надевам дека ќе успеам со напорна работа и голема пожртвуваност да го убедам селекторот дека не згреши што ми пружи можност за настап во селекцијата до 21 година. Ова за мене претставува едно ново големо искуство кое ќе ми биде од голема корист во периодот што следува. Сакам да се заблагодарам и на мојот клуб Работнички, за довербата која ја имаат во мене во сезоната што измина. Што се однесува до натпреварот со Украина, очекувам еден неизвесен меч до самиот крај. Само со колективна игра и концентрација во текот на сите 90 минути може да се надеваме на позитивен резултат, вели Елиф Елмас.

Фудбалерот на Шкендија, Егзон Бејтулаи смета дека квалификацискиот дуел со Украина е многу важен, победа би била потврда на одличните квалификации.

- Не очекува еден исклучително важен натпревар, во кој што ние како репрезентација може да добиеме многу. Фокусирани сме целосно на овој меч, максимално подготвени и во натпреварувачки ритам. Првенството само што заврши, и тоа за нас претставува една олеснителна околност. Играме одлични квалификации, нема да биде лесно против еден многу квалитетен состав на Украина, меѓутоа ние одиме во потрага на уште еден добар резултат, со кој би ги крунисале овие одлични квалификации, вели Егзон Бејтулаи.

Последниот тренинг пред заминувањето за Киев, младата репрезентација ќе го има утре во 17.30. часот.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација