Репрезентација до 19 години: Две контролни пресметки против БиХ

Објавено на 14 Септември, 2015 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 19 години против селекцијата на Босна и Херцеговина ќе одигра два контролни дуели на 15. и 17. септември на стадионот во Ѓорче Петров.

За нашата репрезентација предводена од селекторот Горан Станиќ натпреварите против БиХ до 19 години се последна проверка спроти квалификацискиот турнир кој го организираме во Скопје од 7. до 14. октомври за пласман на Европско првенство – елитна група. Селекторот Горан Станиќ за пресметките против Босна и Херцеговина ги повика слените 18-ет фудбалери:

Голмани: Илиќ Филип (Металург), Целески Боби (Гросето, Италија).

Одбрана: Боцевски Слободан (Работнички), Стефан Лазаревиќ (Македонија Ѓ.П.), Тела Шаип (Ксамакс, Швајцарија), Нехар Садики (Еуромилк), Јефтовски Стефан (Металург), Кристијан Каранфиловски (Металург);

Среден Ред : Шопоски Саше (Металург), Здравковски Давор (Македонија Ѓ.П.), Валентин Кочоски (Хоризонт Турново), Милан Ристевски (Работнички), Цветановски Матеј  (Македонија Ѓ.П.),  Петковски Петар (Вардар), Абдулахи Бурим (Сервет, Швајцарија), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија);

Напад: Ремзифаик Селмани (Ренова), Христов Мартин (Еуромилк);

Првиот натпревар на стадионот во Ѓорче Петров се игра утре во 16.00 часот, на 17. септември на истиот терен двете репрезентации се среќаваат во 11.00 часот.




   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација