Репрезентација до 18 години: Македонија славеше против Летонија на турнирот

Објавено на 25 Март, 2017 во Вести, До 19 год


Маккедонската репрезентација до 18 години славеше убедлива победа од 3:1 против домаќинот Летонија на турнирот "Четири нации" во Рига. 

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ беа надмоќни во текот на целиот натпревар, а посебно во првото полувреме кога го решивме прашањето околу победникот. Во 24. минута Димитар Митровски го постигна водечкиот гол за Македонија по асистенција на Дарко Чурлинов. Младиот фудбалер на германски Келн, Чурлинов во 39. минута беше фаулиран во шеснаесетникот на Летонија, а судијата оправдано покажа на белата точка. Митровски беше сигурен реализатор на пеналот за удвојување на нашата предност. На минута до крајот на полувремето, Митровски со прекрасно додавање ја заокружи својата одлична партија, а Богдановски го даде третиот гол за Македонија. 

Во продолжението Летонија успеа само да го намали резултатот преку Пуринис во 75. минута. 

Македонија со четири бодови е на првото место на турнирот. Во последниот круг играме против репрезентацијата на Норвешка.  

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 1. Христијан Стефковски (Иванов 53'), 2. Тодор Тодоровски, 3. Филип Антовски, 4. Бане Маневски, 6. Кирил Ристовски, 7. Марко Феруковски (Ласков 46'), 8. Енис Фазлагиќ, 9. Никола Богдановски (Колевски 46'), 10. Димитар Митровски, 14. Антонио Митрев (Зејнулаи 64'), 15. Дарко Чурлинов (Трапановски 64'); 




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација