Репрезентација до 18 години: Македонија поразена од Чешка на меѓународниот турнир „Словачка куп

Објавено на 28 Април, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години загуби од селекцијата на Чешка со 2:1 на третиот натпревар од турнирот „Словачка куп“. 

Нашата селекција одигра натпревар во кој пропушти многу можности за постигнување погодок, но повторно изостана концентрација во завршницата. Во одлични прилики за гол се најдоа Елиф Елмас и Милан Ристовски, но немаа среќа да погодат.

Чешката селекција поведе со 1:0 рано уште во 10. минута од средбата. Избраниците на селекторот Јетон Несими до крајот на првиот дел ја контролираа играта, меѓутоа без ефетк кон голот на противникот. Во 47. минута нов погодок за чешките фудбалери и предност од 2:0. Почесниот гол за Македонија го постигна Давор Здравковски со удар од белата точка во 80. минута.

Чешка - Македонија 2:1 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Ристе Јанков, Тодор Тодоровски, Агон Хани, Нехар Садики, Есмин Личина, Албан Сулејмани, Давор Здравковски, Антонио Митрев, Шефит Шефити, Елиф Елмаз, Марио Крстовски; Селектор: Јетон Несими;

Репрезентацијата на Македонија до 18 години утре ќе игра против селекцијата на Украина во борба за освојување на 5. место во рамките на турнирот „Словачка куп".



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација