Репрезентација до 18 години: Македонија ќе одигра два контролни натпревари со Унгарија

Објавено на 20 Ноември, 2015 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Унгарија. Двете пријателски пресметки ќе бидат одиграни на тренинг центарот на Унгарската фудбалска федерација во Телки на 24 ноември со почеток од 15.00 часот и на  26 ноември со почеток од 11.00 часот.

Селекторот на репрезентацијата до 18 години, Јетон Несими го објави списокот на фудбалери за претстојните две контролни средби:

ГОЛМАНИ: Филип Трајчевски (Вардар), Ристо Јанков (Работнички);

ОДБРАНА: Антонио Митрев (Металург), Нехар Садики (Еуромил), Семават Сефери (Цирих), Тодор Тодороски ( Металург), Бајрами Медин (Марибор), Филип Гичевски (Работнички)м Виктор Стојковски (Металург);

СРЕДЕН РЕД: Агон Хани (Академија Пандев), Ељиф Елмаз (Работнички) , Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Игор Петков (Академија Пандев), Бењамин Мустафиќ (С. Полтен, Австрија), Дарко Додев (Металург), Виктор Димков (Вардар);

НАПАД: Милан Ристовски (Работнички), Албан Сулејмани (Ренова), Емил Абаз (Андерлехт), Ердон Даци (Вардар);




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација