Репрезентација до 17 години: Нов пораз од Романија

Објавено на 11 Август, 2016 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години и во вториот контролен натпревар против врсниците од Романија забележа пораз. На стадионот во Букурешт, нашиот млад состав и покрај добрата игра загуби со минимални 1:0.

Погодокот го примивме во 50. минута од средбата. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски, доминираа во текот на целиот натпревар, имаа посед на топка на своја страна, но и многу пропуштени прилики за гол. Играме добро, создаваме шанси, но не погодуваме.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции заврши со резултат 2:1 во корист на Романија.

МАКЕДОНИЈА: Малик Зибери, Филип Антовски, Стефан Колевски, Никола Спасов, Емир Скендери, Бојан Колевски, Енес Фазлагиќ, Лука Трајковски, Марио Наумовски, Бесник Ферати, Филип Алексовски; 



   
   
А репрезентација