Репрезентација до 17 години: Два контролни натпревари против Романија

Објавено на 08 Август, 2016 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години на гостински терен ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Романија. Двата дуела ќе бидат одиграни на стадионот во Букурешт, Романија. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски првата средба ќе ја одиграат на 9 август, со почеток од 17:00. Во истиот термин, но три дена покасно е закажана втората контролна пресметка против истиот противник.

За претстојниот предизвик на младата репрезентација на Македонија повикани се следните фудбалери:

Голмани: Дамјан Серафимов (Металург), Малик Зибери (Вардар);

Одбрана: Борјан Пановски (Работнички), Филип Антовски (Вардар), Никола Спасов (Академија Пандев), Кристијан Додевски (Металург), Бесник Ферати (Шкупи), Бесир Рамадани (Шкупи);

Среден ред: Марио Наумоски (Металург), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајковски (Победа), Стефан Колевски (Работнички), Филип Стојановски (Вардар);

Напад: Бојан Колевски (Металург), Емир Скендери (Академија Пандев), Саит Батиќи (Вардар), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Божиновски (Пелистер);



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација