Репрезентација до 17 години: Два контролни натпревари против Кипар

Објавено на 13 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија до 17 години на 18-ти и 20-ти август во Никозија ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Кипар. Селекторот на нашата репрезентација, Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Металург);

ОДБРАНА: Андреј Кировски (Динамо Загреб), Антонио Митрев (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Мерис Факиќ (Работнички), Тодор Тодороски (Металург), Кирил Ристовски (Работнички), Васко Трајков (Академија Пандев);

СРЕДЕН РЕД: Филип Стојчевски (Металург), Христијан Делевски (Академија Пандев), Ељиф Елмас (Работнички), Јани Атанасов (Академија Пандев), Аздрен Мена (Академија Пандев), Џејмс Димитри Горговски (Борусија Дортмунд), Димитар Митровски (Магдебург), Марко Ферукоски (Офенбах Кикерс)

НАПАД: Борче Ласков (Работнички), Бобан Здравевски (Пелистер), Кристијан Трапановски (Академија Пандев), Филип Јовановски (Металург);

-Двата натпревари против Кипар се значајни за нашата селекција, ние се подготвуваме за претстојните квалификации и ова е добра прилика да добиеме увид во формата и можностите на тимот. Кипар е квалитетна селекција, но очекувам дека ќе бидеме конкурентни. Во составот повикавме играчи кои веќе беа дел од тимот, но шанса ќе добијат и интернационалците од Германија, Горговски и Ферукоски, се надевам дека имаат квалитет да го подигнат нивото на нашата игра,изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Вујадин Станојковиќ.

Нашата репрезентација собирот го има на 16-ти август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација