Репрезентација до 17 години: 2:2 во првиот контролен натпревар со Кипар

Објавено на 13 Септември, 2017 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Горан Станиќ го одигра првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Кипар. Во еден интересен и возбудлив дуел двете селекции одиграа нерешено 2:2.

Во прв план кај нашата репрезентација беше Владан Новевски кој успеа да постигне два гола за Македонија, а на спротивната страна со ист учинок беше и Какули Андроникус. Првото полувреме беше комплетно во знакот на гостинот. Нивната одлична и течна игра беше крунисана со два постигнати погодоци преку нивниот најопасен поединец Какули во 28 и 32 минута.

Во продолжението многу подобра игра на нашата селекција. Новевски погоди во 55 минута за намалување на предноста, а на 10 минути до крајот на средбата уште еднаш прецизно стрелаше за поставување на конечните 2:2.

На 14 септември ( четврток ) со почеток од 16:00 часот ќе биде одигран вториот меч меѓу овие две репрезентации.

Контролен натпревар, репрезентации до 17 години,Скопје

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 2:2 (0:2)

( 0:1 Какули Андроникус  28`; 0:2 Какули Андроникус 32`;1:2 Владан Новевски 55`;2:2Владан Новевски 80` )

Тренинг центар „Петар Милошевски”

Состав:

МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Кристијан Трпчевски, Ален Личина, Емил Скоко, Јован Манев, Божидар Митревски, Кире Трпчевски, Влада Новевски, Димитар Тодоровски, Сухељ Мухарем, Џемал Ибиши; Селектор: Горан Станиќ;




   
   
Актуелности

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

17.11.2017    Вести

Одржани семинари / советувања за родители чии деца се членови во клубовите во детските лиги на ФФМ

Одделот за Грасрут фудбал и Центарот за Едукација на ФФМ а во склоп на обврските од УЕФА грасрут програмата и својата пр...

Календар
А репрезентација