Репрезентација до 16 години: Нерешено против Италија во последниот натпревар од контролниот турнир

Објавено на 20 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год

Младата репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 1:1 против силната селекцијата на Италија во последниот натпревар од контролниот турнир за фудбалери родени 2000. година.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски одлично го започнаа натпреварот и во деветтата минута поведоа со 1:0. Гол од слободен удар постигна Енес Фазлагиќ. Во продолжение од првиот дел, Италија играше се посигурно и создаваше прилики пред нашиот гол. Во добри можности за гол се најде Биоти Мојс, меѓутоа нашиот голман Малик Зилбери одлично интервенираше на два пати и не му дозволи на противникот да постигне гол. Италија во 31. минута го израмни резултат на 1:1. Стрелец на голот беше Фабрицио Калигара. Во вториот дел нашите млади фудбалери му ја препуштија иницијативата на противникот и чекаа можности од контра напад за го загрозат противникот. Нови добри прилики пропушти Биоти Мојс кој немаше свој ден. Најзрелата шанса кај нас ја имаше Енес Фазлагиќ кој при едно добро двојно проигрување со Бојан Колевски се најде сам пред противничкиот голман, но завршниот удар беше непрецизен.


По одигрувањето на последниот натпревар од пријателскиот турнир за играчи родени 2000. година, младата селекција на Италија го освои првото место со 4 освоени бода. На второто место заврши нашата репрезентација која освои ист број на бодови како Италија, но со послаба гол разлика. Последна на контролниот турнир беше репрезентацијата на Србија.

МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА 1:1 (1:1)

(1:0 Енес Фазлагиќ 9`; 1:1 Фабрицио Калигара 31`)

МАКЕДОНИЈА: 1. Малик Зибери  2. Адријан Хајдари  3. Кристијан Додевски  4. Ангел Стратоски  5. Бесир Рамадани  6. Алтин Сефо (17. Донат Алиу)  7. Дејан Кулушевски (20. Дарио Цолевски)  8. Дарко Чурлинов (18. Марио Наумоски)  9. Бојан Колевски  10. Енес Фазлагиќ (21. Кристијан Ристевски)  11. Амел Рустемовски    





   
   
А репрезентација