Репрезентација до 16 години: Македонија – Црна Гора 7:0, четири гола на Кулушевски

Објавено на 08 Март, 2016 во Вести, До 17 год

Македонија до 16 години ја запиша најубедливата победа во досегашните контролни натпревари. 7:0 против Црна Гора, нашиот Дејан Кулушевски даде четири гола.

Репрезентацијата на Македонија до 16 години славеше убедлива победа против Црна Гора од 7:0 на контролниот натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Дејан Кулушевски постигна четири погодоци. Фудбалерите на Добринко Илиевски го решија прашањето на победникот во воведното полувреме. Македонија целосно доминираше, постигнавме три гола без да му дадеме шанса на противникот да го загрози нашиот гол. Водечкиот погодок за Македонија го постигна Никола Спасов во 15. минута. Дејан Кулушевски постигна прекрасен погодок за удвојување на предноста во 30. минута, а пред крајот на полувремето, Кулушевски со својот втор гол зголеми на 3:0.

На почетокот на вториот дел, Македонија зголеми на 4:0. Младиот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски комплетираше хет-трик, а на високи 5:0 зголеми Бојан Колевски. Кулушевски го постигна својот четврти погодок, шести на натпреварот за Македонија во 60. минута. Брилијантната игра на Македонија со погодок за 7:0 ја круниса Емир Скендери.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 16 ГОДИНИ: МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 7:0 (3:0)

Пријателски натпревар, тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 – Никола Спасов (15`), 2:0 – Дејан Кулушевски (30`), 3:0 Дејан Кулушевски (38`), 4:0 Дејан Кулушевски (43`), 5:0 Бојан Колевски (50`), 6:0 Дејан Кулушевски (60`), 7:0 Емир Скендери (78`)

Македонија: Мите Секулов, Марко Шимуновиќ, Филип Антовски, Филип Стојаноски, Ангел Страторски, Никола Спасов, Дејан Кулушевски, Дарко Чурлинов, Бојан Колевски, Енис Фазлагиќ, Лука Трајковски. Селектор: Добринко Илиевски.

Македонија и Црна Гора вториот пријателски натпревар ќе го одиграат в четврток во 11.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.



Македонија и Црна Гора вториот пријателски натпревар ќе го одиграат в четврток во 11.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.





   
   
А репрезентација