Реми против Молдавија на првиот натпревар од купот 4 нации

Објавено на 04 Јануари, 2015 во Футсал

Македонската А футсал репрезентација ремизираше на првиот натпревар (3:3) против репрезентацијата на Молдавија, на турнирот 4 нации кој се одржува во градот Тиши во Полска.

Нашите ререзентативци одиграа под очекувањата, но важно е да се напомене дека молдавците се покажаа во извонредно издание играјќи цврсто и борбено во текот на целиот натпревар. Молдавија отвори со голот на Сергеј Александров уште во 3та минута од натпреварот. Во 16та минута нашиот најдобар футбалер Дарко Ранготов заработи црвен картон по еден опасен старт на еден од молдавските репрезентативци, па така по досудениот прекршок молдавците поведоа со 2:0 со погодокот на Максим Алексејев. На полувреме заминавме со негатива од два гола,со надеж дека во второто полувреме резултатски ќе се вратиме. 

Нашите репрезентативци беа надмоќни уште на почетокот од второто полувреме, одлична шанса пропушти Адријан Мицевски во 23та минута кој очи во очи излезе со молдавскиот голман, но не успеа да го совлада. По неколкуте шанси кои ги имаа нашите фудбалери капитенот Зоран Левески го намали водството на молдавците на 2:1 во 33та минута од натпреварот. Во истата минута по една грешка на Ферид Агуши молдавците се вратија со два гола разлика со голот на Антон Сметанин кој во контра напад стрелаше прецизно за водство од 3:1 за молдавскиот тим. Нашиот селектор стави се на една карта, па така со головите на Александар Глигоров во 33та мин. и Мартин Тодоровски на 2 минути пред крајот на натпреварот израмнивме на 3:3 што беше и конечен резултат на овој натпревар.

Важно е да се напомене дека за нашиот капитен Зоран Левески ова беше 100от натпревар за нашата репрезентација, а исто така јубилејен настап имаше и Ферид Агуши кој ова му е 50ти натпревар за македонската репрезентација.

Утре нашите репрезентативци играат против репрезентацијата на Естонија од 17:00 часот. Исто така и од овој натпревар на македонската репрезентација ќе обезбедиме пренос во живо.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација