Реал Мадрид го освои Супер Купот на Европа во Скопје

Објавено на 09 Август, 2017 во Вести, UEFA Super Cup


Шпанскиот тим како освојувач на Лигата на Шампионите дојде до својот четрврти триумф во Супер Купот на Европа, откако во Скопје успеаја да слават со 2:1 над победникот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед. Фудбалската федерација на Македонија и Скопје се покажаа како одлични домаќини пред целиот свет.

Реал Мадрид по четврти пат во историјата го освои Суперкупот на УЕФА. Во една убава фудбалска представа на нашиот најголем стадион избраниците на Зинедин Зидан покажаа моќна игра и заслужено дојдоа до трофејот, станувајќи прв тим што успеал да го одбрани трофејот на Супер Купот по 28 години.

Во како никогаш досега преполната Арена натпреварот започна со шанса за Манчестер, но Лукаку не успеа да поентира од поволна позиција. Реал возврати во 16-тата минута кога по корнерот на Крос, ударот со глава од страна на Варан заврши во пречката.  Иницијативата на „кралевите“ вроди со плод во 24-тата минута кога Карвахал мајсторски асистираше до Касемиро, кој со многу чувство со лизгачки старт успеа да ја спроведе топката зад грбот на Де Хеа. Свесен дека не се премногу опасни кон голот на Реал, на почетокот на вториот дел Мурињо во игра го внесе Рашфорд на местото на Лингард. Меѓутоа пак сериозна закана дојде од страна на шпнаците, откако силно биеше Тони Крос, но Де Хеа прекрасно одбрани. Реал успеа до го удвои водсвтото во 52-та минута кога Иско и Бејл убаво спроведоа двојна комбинација, исфрлувајќи ја од игра целата одбрана на Манчестрер Јунајтед, а Иско со прецизна завршница погоди за 2:0. Англичаните возвратија со неколку изгледни шанси, од која една на Лукаку многу изгледна, но промена немаше до 62-та минута. Матиќ, биеше силно, Де Хеа одбрани за момент, а Лукаку овој пат не можеше да не погоди, намалувајќи го резултатот на 2:1. До крајот англичаните се обидуваа да дојдат до израмнување, меѓутоа Реал имаше контрола на случувањата на теренот и на крајот тие беа славениците на овој Супер Куп.

На доделувањето на медалите покрај многу познати личности од европскиот фудбал и самиот председател на УЕФА, Александар Чеферин, беше и председателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски. 




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација