Работнички победници на Купот на Македонија за пионери

Објавено на 28 Мај, 2015 во Вести

Фудбалскиот клуб на Работнички ја освои титулата во Купот на Македонија за пионери.

Во финалето од Купот на Македонија за пионери, Работнички го победи тимот на Еуромилк со 2:1.Фудбалерите на Аврамовиќ Ивица одиграа подобар натпревар, беа поквалитетен противник и сосема заслужено остварија победа од 2:1. Чакрри Фисник беше стрелец на првиот погодок уште во 2 минута, а пропушти уште неколку изгледни прилика за постигнување на втор гол. Со голот на Јахја Абдулхади во 16 минута тимот на Еуромилк успеа да го израмни резултатот. Во 34 минута од средбата нова предност за Работнички. Голот го постигна Имери Омар. Воедно, тоа беше и конечниот резултат на овој дуел. Во продолжението и двете екипи не успеаа да искористат по неколку добри можности за гол.
- Заслужена победа на мојата екипа. Зад нас е година на континуирано работење што на крајот резултираше со освојување на овој куп. Пред овие момчиња е одлична перспектива, но треба да бидеме свесни дека се на почеток на нивната кариера и дека само со напорна работа и многу пот ќе ги достигнат највисоките спортски достигнувања, изјави тренерот на Работнички, Аврамовиќ Ивица.
ЕУРОМИЛ - РАБОТНИЧКИ 1 - 2 (1 - 2)
(0:1 Чакрри Фисник 2`  1:1 Јахја Абдулхади 16`  1:2 Имери Омар 34`)
ЕУРОМИЛК: 1. Јакимовски Стефан  2. Блажевски Кристијан  3. Џуклески Иво  4. Јованоски Христијан  5. Малески Петар  6. Ѓорѓиески Александар  7. Јахја Абдулхади  8. Арифи Сокол  9. Дишлиевски Оливер  10. Стојаноски Филип  11. Стојаноски ДејанРАБОТНИЧКИ: 1. Џамтовски Антонио  2. Буши Бесар  3. Факиќ Мерис  4. Јовановски Кристијан  5. Костадинов Евгениј  6. Јаневски Андреј  7. Тодоров Миле  8. Богдановски Стефан  9. Чакрри Фисник  10. Петровски Мартин  11. Имери Оман




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација