Работилница за клубско лиценцирање за клубови од Втора МФЛ (исток и запад)

Објавено на 11 Декември, 2017 во Лиценцирање, Вести


Одделението за лиценцирање, а во склоп на програмата за подршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за добивање лиценца за натпреварување во Втора МФЛ (Исток и Запад) ќе одржи работилница/обука на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад).

Работилницата ќе се одржи на 15.12.2017 (петок) со почеток во 11.00 часот во Хотел Карпош – Скопје. На оваа работилница ги покануваме Претседателите и Генералните Секретари на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад). Доколку клубот цени дека има потреба од присуство на уште еден претставник кој е директно вклучен во процесот на лиценцирање, истиот треба да го пријави. Потврда за присуство клубовите треба да испратат најдоцна до 13.12.2017 (среда) на електронска адреса:

mario.gjurcinovski@ffm.com.mk  

Програмата на работилницата започнува во 11.00 часот, а пријава и регистрација на присутни започнува од 10.30 часот. Програмата предвидува презентација на сите пет критериуми од правилникот за лиценцирање, со посебен осврт на исполнување на правен и финансиски критериум доколку клубот се пласира во Прва МФЛ. Програмата завршува во 14.00 часот со заеднички ручек.

Во склоп на оваа работилница ќе се одржи и состанок со Комесарите на безбедност на клубовите од Втора МФЛ (исток и запад), со комесарот за безбедност на ФФМ и претставници на МВР. За таа цел ги покануваме и Комесарите за безбедност или нивните заменици на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад).




   
   
Актуелности

17.04.2018    Вести

Академијата на ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван

Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Акаде...

Календар
А репрезентација