ПРВЕНСТВО НА КОЕ СИТЕ СМЕ ГОРДИ!

Објавено на 27 Јуни, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на навивачите и на сите кои дадоа придонес натпреварите на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска да поминат во извонредна атмосфера и неверојатно единство помеѓу македонските фудбалери и македонските навивачи кои им беа ислучително важен поттик во текот на Европското првенство.

Драги навивачи,

Ви благодариме за поддршката која и ја дадовте на репрезентацијата на Македонија.

Не радува прекрасната атмосфера која се создаде на натпреварите на македонската репрезентација. Тврдевме дека Македонија е држава која безусловно го сака спортот, а Вие на вистински начин ја потврдивте поврзаноста кон нашата репрезентација. Ви благодариме!

Нашите репрезентативци покажаа колку им значи поддршката од трибините и со настапот на Европскиотсобир , а и со своите изјави ја истакнаа важноста која ја носи поддршката од трибините.

Благодарение на нашите навивачи и поддржувачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во селекцијата до 21 година - тоа беше првенство на кое сите можеме да бидеме горди! 





   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација