Против Полска и без Аријан Адеми

Објавено на 13 Октомври, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација и без Аријан Адеми ќе и се спротивстави вечерва на Полска во квалификацискиот натпревар за пласман на ЕУРО 2020. 

Влијателниот фудбалер од средниот ред поради повреда нема да биде во комбинација за настап. На последниот натпревар против Словенија, Адеми доби удар во левото стопало и беше заменет во 77. минута од дуелот. 

Поради повреда дуелот со Полска ќе го пропуштат и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски. 

Нашата репрезентација вечерва од 20:45 часот ги игра натпреварот против Полска од квалификациите за ЕУРО 2020. 



   
   
А репрезентација