Програма на ФАРЕ неделата за борба против расизмот и национализмот

Објавено на 13 Октомври, 2016 во Вести


Фудбалската Федерација на Македонија и Македонскиот центар за култура и развој како нацонален ФАРЕ координатор  ја презентираа годинешната програма со активности опфатени во ФАРЕ акционата недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот. На презентацијата на програмата учествуваа Енвер Сулејмани - заменик генерален секретар на Фудбалската Федерација на Македонија и Нелко Нелковски - претседател на МЦКР и национален ФАРЕ координатор.

„ФФМ дава целосна поддршка на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени.  Ние како федерација сме обврзани да се грижиме за надминување на сите видови недоследности и нарушувања. ФФМ активно учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во фудбалот а го истакнуваме и задоволството од соработката со МЦКР.  Повикуваме сите заедно, фудбалерите, клубовите, навивачите, судиите, невладините организации и сите граѓани да придонесеме во развојот на навивачката култура во нашата земја и да станеме пример за достоинствено однесување“, истакна Сулејмани.

„ФАРЕ акционата недела за борба против насилствата на спортските терени, национализмот и расизмот се организира во над 50 земји и во неа учествуваат повеќе од 270 организации, фудбалски клубови и фудбалски федерации од целиот европски континент. Основна цел на кампањата е редовно, секој Октомври да се скрене вниманието на вкупната спортска јавност за важноста на фер-плејот и за активен однос во надминување на сите видови на насилство и дискриминација на спортските терени. Оваа година, тема на кампањта се бегалците и нивно вклучување преку фудбалот во полесно интегрирање во новата средина. Во Европа веќе има 1.000.000 бегалци и фудбалските организации и асоцијации во повеќе од 20 земји веќе имаат конкретни активности за нивно вклучување преку фудбалот во општеството“, рече Нелковски.

Како активност оваа година, МЦКР и ФФМ организираат покажување на црвени картони и изнесување на банери, пред почетокот на сите натпревари во Првата фудбалска лига, на кои ќе пишува „НАЦИОНАЛИЗМОТ И РАСИЗМОТ НАДВОР ОД ФУДБАЛОТ“. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација