Пријава на екипи за ФФМ Детски лиги, сезона 2017/18

Објавено на 07 Септември, 2017 во Вести, Детски лиги


ФФМ ги информира сите заинтересирани дека започнува пријавувањето на екипи за претстојната сезона во Детските лиги и истото трае до 15.09.2017. Екипите кои веќе се натпреварувале е потребно да ја достават единствено уредно пополнетата пријава, додека екипите кои се пријавуваат за прв пат покрај пријавата треба да ги достават и останатите документи наведени во пријавата.

Повеќе информации за секој регион пооделно како и условите за натпреварување може да се добијат кај координаторите на регионите кај кои е и потребно да се достават сите неопходни документи во предвидениот рок. Задоцнетите пријави и некомплетна документација нема да бидеме во можност да ги земеме во предвид.

Во продолжение пријавата за учество во Детски Лиги, натпреварувачка сезона 2017/2018:

Пријава за учество детски лиги 17-18.doc 



   
   
А репрезентација